Индустриски отпад
Отпад што се создава при производствените процеси во индустријата
Индустриски неопасен отпад е отпадот што се создава при производствените процеси во индустријата и не содржи опасни карактеристики, а според својствата, составот и количеството се разликува од комуналниот отпад.
Неадекватното депонирање на отпадот, како и непочитувањето на нормите од страна на одговорните во индустријата, претставува проблем со кој се доведува во опасност животната средина. Но тоа претставува и дополнителен трошок за фирмите, кои во услови на економска криза се принудени да врзуваат дел од своите потенцијали (финансиски и просторни) за складирање и управување со отпадот. Текстилниот отпад конкретно претставува сериозен еколошки проблем, со огромен потенцијал за негова реупотреба како суровина за производство на нови материјали.







