Комунален цврст отпад

Класификација на одпадот врз основа на неговото потекло

Што е комунален отпад?

Комуналниот цврст отпад, попознат како ѓубре се состои од предмети за секојдневна употреба, како што се пакувања за производи, откосена трева, мебел, облека, шишиња, остатоци од храна, весници, уреди, бои и батерии.

Тоа е првенствено отпад собран од домаќинствата или од собирни центри, како на пример отпад и остатоци од рециклирање. Тоа вклучува биоразградливи материјали, материјали кои може да се рециклираат како шишиња, хартија, картон, алуминиумски конзерви и широк спектар на неразградливи материјали вклучувајќи боја, бела техника, стар мебел и апарати за осветлување. Главните извори за комунален цврст отпад се:

Отпад од домаќинствата коjе се собира во домот, а подоцна се собира од тротоарите или сопственикот директно го носи во објект за собирање отпад
Други видови на отпад од домаќинство (домашно расчистување, мебел и станбен-градинарски отпад)
Отпад создаден во локалната самоуправа (пр. отпад од чистење на улиците, канти за отпадоци и паркови)
Комерцијален отпад што се создава од подготовка на храна (простории, супермаркети и сл.)
килограми отпад по жител / годишно
0 +
тони отпад / годишно
0 +
Селекција на отпад

Зошто е неопходно да се селектира отпадот?

Лошото управување со е-отпад значи дека заедниците и животната средина ќе продолжат да ја плаќаат цената за токсичниот и неефикасен дизајн на производителите на електроника. На пример, голем дел завршува на депониите каде што може да предизвика истекување на опасни супстанции, испарување на жива или пожари, кои предизвикуваат загадување на атмосферата и остатоци од токсичен прав.

Исто така, постојат нелегални текови на е-отпад од побогатите земји кон земјите во развој. Недостигот или слабото спроведување на законските прописи за заштита на животната средина и безбедноста на работниците им овозможува на бескрупулозните трговци со отпад да ги користат пониските работни трошоци во земјите во развој, а максимално да го зголемат профитот од поврат на супстанциите.

Електронските и електрични уреди содржат многу токсични супстанци, што го прави е-отпадот токсичен. Повеќе од 1000 материјали се користат за да се направат нашите електронски гаџети и нивните компоненти – проводниците за чиповите, матичните плочи, дисковите итн. Многу од нив се токсични, меѓу кои ПВЦ, тешки метали (како олово, жива, арсен и кадмиум), хексавалентен хром, пластика и гасови кои се штетни за човековото здравје и животната средина доколку не се раководат соодветно. Бромирани огноотпорни материјали, тешки метали (како на пример: олово, жива и арсен) и голем број други супстанции во е-отпадот можат сериозно да им наштетат на човековото здравје и на животната средина, доколку со нив не се управува внимателно.

Депониите се најчестото место каде што завршува е-отпадот, а дури и најсовремените депонии не успеваат да спречат истекување на тешките метали и други токсични супстанци во почвата и водите. Исто така електрониката содржи вредни и сè повеќе ретки супстанции. Во еден компјутер, тоа вклучува железо, алуминиум, бакар, олово, никел, лим, злато, сребро, платина и паладиум. Поради тоа рециклирањето на е-отпадот претставува можен извор на заработувачка. Исто така, поврат на вредните метали и другите супстанции од електрониката можат да ја намалат потребата од ископување сурови материјали.

Со цел да можеме правилно да постапиме со е-отпадот и да се заштитиме од неговите негативни својства неоопходно е најнапред да го селектираме, односно правилно да го одложиме. ОЕЕО не смее да заврши заедно со комуналниот или другите типови отпад. Со правилната селекција на овој тип на отпад допринесуваме за правилно постапување и намалување на неговото влијание врз животната средина.