- Ул. 8 Ударна Бригада 20б, 1000 Скопје, Северна Македонија
- info@eco-edu.ngo
- Тел: +389 2 3217 815
Со законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема се воспоставува и зајакнува одговорноста на производителот за управување со ОЕЕО која настанува од ЕЕО, којашто ја пушта на пазарот на Република Северна Македонија.
„Производител” е секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на кој врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите во однос на договорите склучени на далечина:
Со законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето што треба да се исполнат при производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, како и при постапување со отпадните батерии и акумулатори, кои се однесуваат на обврските на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, посебните барања за собирање, преработка и рециклирање, како и другите услови за постапување со отпадни батерии и акумулатори, известување за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори и економските инструменти.
“Производител” е правно или физичко лице, кое за прв пат пушта на пазар во Република Северна Македонија батерии и акумулатори, вклучувајќи и такви кои се вградени во уреди или возила, како своја дејност, без оглед на продажната техника која се користи, вклучувајќи и продажба со далечински комуницирање. Во смисла на овој закон, како производител се смета и правно или физичко лице кое кое увезува батерии и акумулатори за своја потреба без посредник.
Со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале производителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање заради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради исполнување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјекти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност за навремено и целосно остварување на проширената одговорност на производителите.