Политика за управување со отпад во РСМ
Национална стратегија
Политика за управување со отпад во РСМ
Клучните принципи на европските политики на управување со отпад се во основата на стратешката насока на управувањето со отпадот во РСМ, почнувајќи од производителите на отпад, преку нивната повторна употреба, рециклирање, преработка, сè до конечно отстранување, земајќи ги предвид и заостанатите проблеми со историскиот отпад кој е резултат на неадекватното управување со отпад во изминатиот период.
Воспоставувањето на модерен систем на управување со отпад е комплексна задача, и иако сега е моментот за интегрирано управување со отпад, сегашните мерки се скроени според потребите на РСМ, фокусирајќи се на раните фази на развој.
Национална стратегија за управување со отпад
Националната стратегија за управување со отпад (2008-2020) е подлогата за подготовка и спроведување на Националниот и регионалните планови за управување со отпад, со која се дефинира основната насока за управувањето со отпад. Главните приоритети утврдени со стратегијата се:
Депонии
И покрај напорите во текот на спроведувањето на претходниот Национален план за управување со отпад, отпадот продолжува да се отстранува на нестандардни депонии кои не се во согласност со Директивата за депонии и националниот закон за отпад. Иако може да биде по ниска цена, тоа ја поткопува економијата на сите други опции за управување со отпадот и има сериозно штетно влијание врз животната средина.
Во моментов, ние немаме капацитет за депонирање што е потполно сообразен со стандардите на ЕУ и со националното законодавство. Фазниот пристап претставен во претходниот Национален план за управување со отпад треба да продолжи и во периодот на овој план. Следниве општи фази на транзиција се неопходни, иако различни региони ќе бидат во различни фази на транзиција.
Секој регион да ги идентификува сите неконтролирани депонии и да направи преглед на приоритети на локациите со највисок ризик за итно затворање и план за нивна санација. Источниот и Североисточниот се веќе во фаза на затворање, преку финансиска поддршка од ЕУ (ИПА програмата);
Доколку не е достапна опција за рециклирање или преработка, собраниот отпад треба да се испорача на општинските депонии што се идентификувани во фаза 1 како соодветни за привремена употреба (со работи на подобрување во тек);
Изградба на регионална депонија во согласност со Директивата за депонии;
Затворање и санација на сите неконтролирани депонии.







